Утрински Весник
Спорт

Претседателот на Ла Лига: Барса не е во позиција да го врати Меси

Претседателот на Ла Лига: Барса не е во позиција да го врати Меси

Претседателот на шпанската фудбалска лига (Ла Лига), Хавиер Тебас оцени дека Барселона моментално не е финансиски способна да го врати Лионел Меси, но додаде дека се надева дека ситуацијата ќе се промени.

dobivaj vesti na viber

„Во моментов не би можеле да го регистрираат, но има уште време“, изјави Тебас на прес-конференција.

Претседателот на Ла Лига изрази „надеж“ дека каталонскиот клуб ќе успее да ја врати аргентинската ѕвезда, чиј договор со Пари Сен Жермен истекува во јуни.

„Нема да ги менуваме правилата за финансиска контрола одобрени од клубовите, за да може Барса да го регистрира Меси, дури и ако нашата желба е тој да се врати во нашиот шампионат“, изјави Тебас.

Каталонскиот весник „Мундо Депортиво“ објави дека Барса има „цврста намера да го купи Лео Меси“ следното лето.

Меси ја напушти Барселона во летото 2021 година, тој се пресели во ПСЖ. Меси на 69 натпревари постигна 31 гол, но не успеа да стане идол во Париз, особено поради неуспехот на парискиот клуб во Лигата на шампионите.

Можете да прочитате

Пандев и Омерагиќ: Започнува новата ера во македонскиот фудбал

Почна судскиот процес за изнуда на пари од Погба, меѓу обвинетите и неговиот брат

Навивачите на Баерн со порака за претседателот на ПСЖ