Утрински Весник
Свет

Претседателот на Иран ги обвини „странските непријатели“ дека труеле ученички во 30 училишта

Претседателот на Иран ги обвини „странските непријатели“ дека труеле ученички во 30 училишта

Иранскиот претседател Ебрахим Раиси ги обвини странските непријатели за серијата труења во училиштата за девојки во Иран. Досега необјаснетите труења во повеќе од 30 училишта во најмалку четири града започнаа во ноември минатата година во светиот шиитски град Кома, по што некои родители престанаа да ги испраќаат своите деца на училиште.

dobivaj vesti na viber

Иранскиот министер за здравство вчера изјави дека стотици девојчиња се отруени, а некои политичари шпекулираа дека зад тоа стојат верски групи кои се противат на образованието на девојчињата. Во телевизиски говор на југот на земјата, Раиси ги обвини надворешните непријатели на Иран за нападите.

„Тоа е проект за предизвикување хаос во земјата каде што непријателот сака да влее страв меѓу родителите и учениците“, рече претседателот. Тој не прецизираше за кои непријатели станува збор, но иранските лидери редовно ги обвинуваат САД и Израел дека работат против Иран.

Можете да прочитате

Израел тврди дека нема масовна глад во Газа

ЕУ: Украина мора да има право сама да одлучува за својата иднина

Сијарто: Унгарија ја поддржува средбата Трамп-Путин, ЕУ се обидува да ја саботира