Утрински Весник
Македонија

Претседателката Сиљановска-Давкова се сретна со претставници на Support Kocani

Davkova support kocani 1536x1023 1.jpeg
Dik 300x250 mk

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова прими претставници на неформалната група на млади „Support Kocani“.

Навраќајќи се на страотниот пожар на 16 март, тие манифестираа решеност заедно да направат сé што можат за да им помогнат на семејствата на починатитите, на повредените и нивните блиски, но и на градот Кочани за да се надминат тешките проблеми и да се тргне напред!


Младите од Кочани презентираа бројни идеи, планови и проекти за враќање на животот во нивниот роден град и запирање на иселувањето како: отворање дисперзирани студии по информатика, екипирање и опремување на противпожарната служба, реновирање на болницата и кадровско дополнување, отворање на младински центар, во којшто, покрај индивидуални и групни терапии во функција на психолошка подршка, би се организирале бројни работилници на важни теми за младите и многу други. Веруваат дека младите преку дружење и заеднички активности побрзо и полесно ќе ја надминат траумата од катастрофалната трагедија.

-Мора заедно да се избориме и да ја пребродиме оваа колективна и национална загуба, а верувам дека закрепнувањето ќе биде полесно ако сме заедно, оти нема човек што не е засегнат од трагедијата, рече Сиљановска-Давкова.

Таа изрази поддршка за досегашните активности на Support Kocani, како и подготвеност за покровителство и соучество во проекти, мерки и акции од значење за градот. Исто така, го потврди ветувањето за доделување одликувања и признанија на најзаслужните и најпосветените во кочанската нерамноправна битка меѓу животот и смртта, како непресушен извор и инспирација на храброст и хуманизам.

Кочани не смее да остане симбол на смрт и болка, туку тагата треба да ја трансформираме во херојска борба за ново Кочани, смета таа.

Можете да прочитате

ВО МАКЕДОНСКИОТ КИЦ ВО ЗАГРЕБ ОТВОРЕНА ИЗЛОЖБА ЗА ФОТОГРАФИТЕ АРСОВСКИ КОИ ГИ ПОВРЗАА СКОПЈЕ И ЗАГРЕБ

„Во вториот круг се бориме за 17 места, граѓаните масовно да излезат на гласање“, повика СДСМ

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ би имале 52 пратеници а СДСМ 21, изгубија 140.000 гласови и попусто лажат со весели математики