Утрински Весник
Македонија

Претседателката Сиљановска Давкова изрази сочувство по повод смртта на Алекс Салмонд, поранешен прв министер на Шкотска

4 1 1.jpeg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова вчеравечер во Охрид присуствуваше на комеморацијата и изрази сочувство по повод смртта на Алекс Салмонд, поранешен прв министер на Шкотска.

Искрено сочувство по повод смртта на поранешниот прв министер на Шкотска Алекс Салмонд кој вчера почина во Охрид за време на Вториот Форум за културна дипломатија што се одржа во ко-организација на Кабинетот на поранешниот македонски претседател Ѓорге Иванов, заедно со Институтот за културна дипломатија од Берлин, Градот Скопје и Меѓународниот центар „Алијанса на цивилизациите”.

Моите мисли се со неговото семејство и најблиските во овој тежок период. Нека почива во мир.

Можете да прочитате

Хаос во Италија: Масовна пресметка меѓу Македонци и Албанци заврши со апсења

Земјотрес почувствуван во Охрид и околината

Македонска Каменица во тридневна жалост по трагичната смрт