Утрински Весник
Свет

Претседателката на Унгарија, Новак поднесе оставка по масовните протести

Screenshot 2024 02 10 182143.png

Претседателката на Унгарија, Каталин Новак денеска поднесе оставка од функцијата.

– Направив грешка … Денес е последниот ден кога ви се обраќам како претседател, изјави Новак во говорот емитуван на државната телевизија.

Таа беше под притисок на јавноста откако помилува човек осуден како соучесник за помагање при прикривање на случај на сексуална злоупотреба во дом за деца.

Најмалку 1.000 луѓе протестираа синоќа во Будимпешта барајќи нејзина оставка. Унгарските опозициски партии, исто така, побараа таа да ја напушти функцијата.

Новак одлучи да помилува дваесетина луѓе во април 2023 година, пред посетата на папата Франциск. Меѓу помилуваните лица е и заменик директорот на домот за деца, кој му помогна на поранешниот директор на домот да ги скрие своите злосторства

Можете да прочитате

Биткоинот достигна рекордни 98.000 долари

Руте итно заминува кај Трамп

Бебето кое исчезна од породилиштето во Виена е пронајдено мртво во корпа за ѓубре