Утрински Весник
Македонија

Претседателката на словенечкиот Државен збор во прва официјална посета на земјава

20250408160525 big 730x400 76.webp.webp

Претседателката на Државниот збор на Република Словенија, Уршка Клакочар Зупанчиќ денеска и утре ќе престојува во прва официјална посета на Северна Македонија. 

Словенечката претседателката на Парламентот попладнево со високи државни и воени почести ќе биде пречекана од претседателот на македонското Собрание Африм Гаши. Потоа, двајцата ќе одржат тет-а-тет средба, по што ќе следува средба на двете делегации. 


Како што најавуваат од собраниската прес-служба, по потпишувањето на Клакочар Зупанчиќ во Книгата на впечатоци, претседателите на двата парламенти ќе дадат изјави за медиумите. 

Претседателка на Државниот збор на Словенија, утре во Собранието ќе има средба со претседателот на собраниската Комисија за европски прашања Антонијо Милошоски и со членовите на групата, а генералната секретарка на Собранието Марина Димовска ќе оствари средба со генералната секретарка на словенечкиот Државен збор, Уршула Зоре Тавчар.  

За време на официјалната посета, Клакочар Зупанчиќ ќе биде примена и од претседателката на државата Гордана Сиљановска Давкова и од премиерот Христијан Мицкоски.

За време на посетата, во главниот град ќе биде воведен посебен сообраќаен режим. 

Можете да прочитате

Побарал над 15.000 евра, зел обележани пари и бегал – уапсен директор на Царина

Клековски: 193 нови лекови на Есенцијалната листа – за првпат контрацепција и терапија за откажување од пушење

Митева: Ниту денар од Буџетот за прославата – 300 милиони денари обезбеди Лотарија