Утрински Весник
Свет

Претседателката на Молдавија: Русија сака да нè претвори во отскочна даска за напади во ЕУ

37323d57 3dc7 4907 8b40 e480b2c37d1d.jpg

Русија започна невидена кампања на мешање за да се наметне врз Молдавија на изборите на 28 септември, осуди претседателката на земјата кандидат за ЕУ, Маја Санду, денес пред Европскиот парламент.

„Денес се соочуваме со неограничена хибридна војна во размер што не е виден од руската инвазија на Украина“, изјави таа пред европратениците во Стразбур. „Целта на Кремљ е јасна: да ја добие Молдавија на изборите, да ја искористи против Украина и да нè претвори во отскочна даска за хибридни напади во Европската Унија“, осуди таа. „Со одбрана на изборите на 28 септември од влијанието на Москва, ние ја заштитуваме не само Молдавија, туку и регионалната безбедност и стабилност“, додаде молдавската претседателка.


Кишињев и Европската Унија редовно ги осудуваат руските кампањи за дезинформации и манипулации во пресрет на овие парламентарни избори. Францускиот претседател Емануел Макрон, германскиот канцелар Фридрих Мерц и полскиот премиер Доналд Туск изразија „решителна поддршка“ за членството на Молдавија во ЕУ кон крајот на август во Кишињев, наспроти „лагите“ и „мешањето“ на Москва пред изборите.

Унгарија е исто така со Русија

Молдавија ги започна преговорите за пристапување во ЕУ минатата година, со силна поддршка од својот претседател, реизбран во ноември 2024 година. Сепак, преговорите, отворени истовремено со Украина, се блокирани од противењето на Унгарија, која е непријателски настроена кон кандидатурата на Киев.

„Нашиот европски пат не е само прашање на вредности, туку е прашање на опстанок, и токму затоа што постигнавме голем напредок на тој пат, Русија го ослободи својот арсенал од хибридни напади против нас“, додаде Санду.

Можете да прочитате

Макрон избра нов премиер на Франција

Орбан за приемот на Украина: Проширувањето на ЕУ не може да се базира на лицемерие и двојни стандарди

Трагедија на протестите во Непал – жива запалена сопругата на поранешниот премиер