Утрински Весник
Свет

Претседателката на Молдавија го повика Бајден да ја посети нејзината земја: „ Војната беснее на нашата граница“

Претседателката на Молдавија го повика Бајден да ја посети нејзината земја: „ Војната беснее на нашата граница“

Претседателката на Молдавија Маја Санду соопшти дека на вчерашната средба во Варшава го поканила американскиот претседател Џозеф Бајден да ја посети нејзината земја.

dobivaj vesti na viber

„ Ја искористив можноста што ја даде собирот во Варшава да го информирам претседателот Бајден дека во актуелната сложена ситуација, кога беснее војна на границата со Молдавија, потребна ни е уште поголема поддршка од САД – напиша Санду на Фејсбук.

Претседателката на Молдавија додаде дека го поканила американскиот претседател да ја посети Молдавија, но не кажа како Бајден одговорил.

Според нејзините зборови, Санду му кажала и на Бајден дека граѓаните на Молдавија сакаат да продолжат да бидат дел од „слободниот свет“, да живеат безбедно и „да го остварат својот сон“ со влез во ЕУ.

Рускиот претседател Владимир Путин вчера го отповика указот од 2012 година со кој делумно се потврдува суверенитетот на Молдавија при одлучувањето за иднината на Придњестровје, сепаратистички регион што се граничи со Украина, каде што Русија има стационирани војници.

Можете да прочитате

Уште шест лица повредени во трката со бикови во Памплона

Киев: Соборени 40 од 60 дронови со кои Русија ја нападна Украина

Германската полиција заплени дрога со улична вредност од 20 милиони евра