Утрински Весник
Свет

Претседателката на Молдавија: Бараме оружје и воена поддршка од Западот

Претседателката на Молдавија: Бараме оружје и воена поддршка од Западот

Претседателката на Молдавија, Маја Санду, го повика Западот за поддршка во одбраната на земјата поради сомневањата за руско мешање во поранешната советска република.

dobivaj vesti na viber

„Молдавија, која граничи со Русија и Украина, постојано беше изложена на руски хибридни напади и други обиди за дестабилизација на земјата“, изјави Санду за новинарите за време на посетата на романската престолнина.

„Молдавија исто така бара оружје и воена поддршка од Западот“

Санду посочи дека Молдавија исто така бара оружје и воена поддршка од Западот. „Да, ние треба да ги подобриме нашите одбранбени способности и, да, ни треба помош за тоа и, да, разговараме за тоа со нашите партнери“, рече Санду.

Таа отпатува за Букурешт за да се состане со германскиот канцелар Олаф Шолц и со романскиот претседател Клаус Јоханис. Шолц и Јоханис неколку пати нагласија дека Западот, меѓу другото, економски ќе ја поддржи Молдавија.

Можете да прочитате

Македонски лекари херои: Спасуваа животи по нападот во Германија

Расте бројот на жртвите во терористичкиот напад во Германија: пет мртви, 205 повредени

Расте бројот на жртви – четворица загинати во нападот на божиќниот пазар во Магдебург