Утрински Весник
Македонија

Претреси во „Шутка“ – полицајците најдоа 70 телефони!

Zatvor 880x600 1.jpg

Во затворот „Скопје“ денеска биле направени претреси во 40 ќелии при што пронајдени биле 70 мобилни телефони кај затворениците.

Оваа информација за МРТВ ја истакна директорот на Управата за извршување санкции Александар Пандов кој посочи дека постојаната затворска полиција правела редовно претреси, но истите наоѓаат само 2-3-5 телефони кои веќе се неупотребливи.


„Денес, од страна на интервентната единица, 15 затворски полицајци беа од друг затвор кои не се од затворот Шутка и направија претрес во 40 ќелии. Пронајдени се 70 телефони. Што да ви кажам, имаме многу корупција во Македонија“, вели Пандов.

Можете да прочитате

Ведро и студено, преку ден сончево

Бубевски: Случајот „Онкологија“ е најтежок во моментов, се чека вештачењето од Словенија

Бешлиовска: Итно вработување на медицинските сестри – здравствениот систем е во криза