Утрински Весник
Македонија

Претреси во Битола: пронајдена дрога, приведени шест лица

Приведен крадец од Струмица, одземеното вратено на сопственичката

Полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола вчера извршиле претреси на повеќе локации во Битола и прегледи на повеќе лица, при што биле пронајдени хероин, марихуана и други предмети.

dobivaj vesti na viber

„При претрес со судска наредба во домот на Л. Н. (39) од Битола биле пронајдени и одземени марихуана, дробилка со остатоци од марихуана и други предмети. При претрес во домот и други простории што ги користи О. П. (44) од Битола, извршен со судска наредба, биле пронајдени повеќе предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат и се поврзани со кривичното дело по член 215 од Кривичниот законик.

При преглед на П. П. (40) од Битола бил пронајден и одземен хероин, а при преглед кај О. Д. (37) од Битола исто така бил пронајден и одземен хероин, а со него биле затекнати и Г. С. (20) од Битола и Ф. О. (36) од Ресен“, соопшти МВР.

Сите лица биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случаите, ќе следуваат соодветни пријави.

Можете да прочитате

Македонија тоне, размислувам и јас за иселување – Зафиров со жестока порака до властите

Дрифт шоу во Тетово, без полициски надзор и со многу бучава

ВМРО: СДС продолжуваат со измислени бројки, да не беше ВМРО-ДПМНЕ патот Кичево-Охрид ќе беше уште незапочнат