Утрински Весник
Македонија

Претреси на неколку локации од страна на МВР

Img 2909.jpeg

Нема да дозволиме Градот да стане полигон на криминални пресметки вели Јанев

Во врска со денешниот трагичен настан на убиство што се случи во главниот град, сакам да ги известам граѓаните дека полицијата реагираше веднаш со сите расположливи ресурси, вклучувајќи ги комбинираните полициски и истражни методи. Итно беа активирани и преземени сите неопходни мерки за да се обезбеди безбедноста на граѓаните вели директорот на БЈБ, Јанев во неговата објава.

Нашата примарна цел е да не дозволиме градот и државата да се претворат во полигон на пресметки меѓу криминални групи. Законот и редот ќе останат над криминално-мафијашките структури. Криминалот нема етничка или партиска припадност, а нашиот одговор ќе биде жесток и без компромис.

Сите граѓани треба да се чувствуваат безбедно, а ние ќе продолжиме да работиме со најголема одговорност и ангажираност за да го осигуриме тоа. Ве молиме да бидете внимателни и да соработувате со полицијата. Вашата безбедност е наш приоритет, и нема да се задоволиме додека не го вратиме спокојот и сигурноста во нашиот град.

Македонија е над сѐ и држава за сите нас, во која сите ние и нашите деца треба да живееме и да се чувствуваме безбедно.

Можете да прочитате

Царинска управа: спречен шверц на цигари, облека и хардверски делови, како и нелегален влез на илегални мигранти од Иран и Сиера Леоне

ВМРО-ДПМНЕ: Каранфилова Пановска работеше да го донесе Заев на власт, кој на Македонија и ги направи најголемите национални предавства 

Трајчулески: Тоа што Мицкоски е разочаран од Конгресот е добра вест за СДСМ