Утрински Весник
Македонија

Претреси кај лекари од Клиниката за Онкологија

E1683302341273.jpg

Утринава полицијата прави претреси кај лекари од Клиниката за Онкологија, дознаваме од извори во истрагата, а според нашите извори има и уапсени лекари. Претресите се во склоп на акцијата која пред неколку месеци ја почна екс министерот Оливер Спасовски со скопското обвинителство за низата злоупотреби кои се случувале на оваа клиника.

Според нашите информации, претреси се веќе направени кај Н.Н., Е.Џ. и Н.В.. Претреси имаше и пред неколку месеци, по што обвинителството отвори предистражна постапка. Во текот на денот очекуваме информации од обвинителството за денешните претреси.

Можете да прочитате

Жена го загуби животот во пожар во населбата Вонвардарска во Тетово

Проект на СВР – Охрид за превенција на семејно насилство

Одбележани 83 години од депортацијата на македонските Евреи