Утрински Весник
Македонија

Претрес во Велес, пронајдена дрога, приведени дилери

Apsenje pritvor.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

На 10.06.2024 околу 16.00 часот во Велес, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Велес ги лишиле од слобода С.Т.(49), Л.Л.(37), Р.С.(32) и С.Л.(29), сите од Велес.

При претрес во домот на С.Т. и Л.Л., извршен со судска наредба и во соработка со Единицата за службени кучиња, а во кој биле затекнати Р.С. и С.Л., кај С.Т. биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја и една дигитална вага, додека кај Л.Л. биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја , таблети екстази, две дигитални ваги и пиштол „Екол”.

 За настанот бил известен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Можете да прочитате

МВР апелира на внимателно возење и почитување на правилата во пресрет на празниците

Мицкоски: Oбразованието на мајчин јазик е педагошка потреба, но и длабока цивилизациска вредност и уставна определба

Турското знаме подигнато пред Општина Кичево