Утрински Весник
Македонија

Претрес во Струмица, пронајдена дрога

Претрес во Струмица, пронајдени амфетамин и марихуана, приведен дилер

Вчера попладне во 14.20 часот, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода 44-годишниот А.А. од Струмица, извести МВР.

dobivaj vesti na viber

– При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена марихуана. При претресот, А.А. со лицата Ѓ.А. и М.А. агресивно се однесувале кон полициски службеници при вршење службени дејствија, соопшти МВР.

А.А. бил задржан во Полициската станица Струмица, за настанот бил запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Можете да прочитате

Битиќи: За 30% поскапе и возачката дозвола, трошоците за живот го притискаат семејниот буџет на граѓаните

Мицкоски: Како Влада правиме нешто коешто до сега никој не го направил за младите во Македонија

ЦУК: Свлечиште во тетовска Шипковица, активиран Кризниот штаб