Утрински Весник
Македонија

Претрес во Ресен, пронајдена марихуана и муниција

Marihuana.webp.webp

На 09.08.2024 од страна на полициски службеници од СВР Битола, а по претходно издадена Наредба за претрес на дом и други помошни простории од Основен Суд Битола, извршен е претрес во домот на Т.Н.(25) од Ресен.

 При претресот пронајдена била марихуана, дробилка, дигитална вага, предмети со остатоци од марихуана како и повеќе парчиња муниција различен калибар.

Лицето е лишено од слобода и по документирање на настанот на истиот ќе му биде поднесена соодветна кривична пријава.

Можете да прочитате

СДСМ: 40 милиони евра помалку за земјоделците, за да има повеќе за криминални тендери 

15-та од 28 дијагнози: Кампања „Ги запознаваме ретките болести“ 

За 24 часа наврнаа 48 литри дожд во Македонија