Утрински Весник
Македонија
Img 7972

Претрес во Радовиш, пронајдена дрога, приведени две лица 

1706442239 unnamed file.webp.webp
300x250 opst2

На 26.01.2024 полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при Одделението за внатрешни работи Радовиш го лишиле од слобода Р.А. (38) од Радовиш, затоа што при преглед кај него била пронајдена марихуана. Лицето било задржано во Полициската станица Радовиш и во службениот разговор со него изјавил дека марихуаната ја набавил од Н.Б.(32) од Радовиш. Врз основа на судска наредба, полициски службеници од ОВР Радовиш извршиле претрес во домот на Н.Б., при што била пронајдена марихуана, дигитална вага, како и предмети со остатоци од бела прашкаста материја. Н.Б. бил лишен од слобода и задржан во Полициската станица Радовиш. За настаните известен е Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш и по документирање на истите ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Можете да прочитате

Татко од Кавадарци осомничен за силување на двете малолетни ќерки

СДСМ: Мицкоски и Петрушевски со лаги го покриваат бугарскиот капитал на ВМРО-ДПМНЕ

Мециновиќ: Нашиот модел ќе го реши јавниот превоз за наредните 100 години