Утрински Весник
Македонија

Претрес во Кавадарци, пронајдени амфетамин, хероин и марихуана

Претрес во Кавадарци, пронајдени амфетамин, хероин и марихуана
Dik 300x250 mk

Во текот на вчерашниот ден полициски службеници од ОВР Кавадарци ги лишиле од слобода М.М.(35) и Г.Н.(36), двајцата од Кавадарци. Околу 19.10 часот бил забележан Г.Н. како со патничко возило „форд“ влегува во дворот на М.М. и како разменуваат нешто, а откако излегол од дворот, на улица „7 Септември“ бил извршен преглед во возилото и бил пронајден хероин.

dobivaj vesti na viber

Подоцна, со судска наредба, бил извршен претрес во домот на М.М., при што биле пронајдени и одземени амфетамин, хероин, марихуана, дигитална вага и пари во различни апоени.

Двајцата биле приведени во Полициската станица Кавадарци и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можете да прочитате

Мицкоски: В недела сите масовно да излеземе на гласање, затоа што додека седите дома, други одлучуваат за вашата иднина

Цветаноски: Демократијата повторно оживеа преку лидерството на Венко Филипче!

Тешка телесна повреда при семејно насилство во Петровец