Утрински Весник
Македонија

Претрес во домот на сопственикот на порталот “Доказм”, се постапувало по пријави

Претрес во домот на сопственикот на порталот “Доказм”, се постапувало по пријави

Скопското обвинителство повеќе часови прави претрес во домот на Марјан Стаменковски сопственик на интернет порталот Доказ м.

dobivaj vesti na viber

Постапувањето на обвинителот е со судско одобрение а поради сомнение дека лицето е сторител на кривични дела.

Според информации на Макфакс скопското обвинителство отворило предистражна постапка откако биле доставени повеќе пријави.

„Постапката е во тек, наредбата е од суд, повеќе детали утре“, велат од скопското обвинителство за Макфакс.

Засега не е издадена наредба за приведување. За тоа ќе се одлучува откако ќе заврши претресот во домот на Стаменковски.

Можете да прочитате

Експретседателот на скопскиот Основен суд се пријавил на огласот за државен јавен обвинител

ТИТАН Усје: Неоснованите напади само кон една компанија се неразбирливи – фабриката не работи, а загадувањето е високо

Кога зборовите и музиката стануваат завет: Александар Митевски и Огнен Неделковски направија песна посветена на Фросина