Утрински Весник
Македонија

Претпладнево имаме густа магла по котлините, бидете крајно внимателни како управувате со своите возила!

Magla Avtopat 1.jpg

Метео анализа на Славчо Попоски:

Претпладнево по котлините имаме појава на магла, која понекаде е  и многу густа, па токму поради ова апелирам граѓаните да бидат крајно внимателни како управуваат со своите возила. Најниска температура до 10 часот е измерена во Битола, и тоа само 3 степени, додека највисока во исто време е измерена во Гевгелија, и тоа 12 степени.


На табелата можете да ги погледнете  и останатите температури измерени по градови и места во Македонија до 10 часот претпладнево, и тоа на мерните станици на УХМР.

Инаку до крајот на оваа работна недела ќе продолжи периодот со појава на магла по котлините, и истата ќе биде најизразена во ноќните  и во претпладневните часови, а токму во местата со магла и со ниска облачност температурата во текот на денот ќе остане  и пониска.

Можете да прочитате

Променливо облачно со сончеви периоди, претпладне магла по котлините

Земјотрес ги разбуди скопјани – Епицентарот во Албанија

Груби се повлекува од јавниот живот