Утрински Весник
Македонија

Претпладне умерено облачно со јужен ветер, попладне на повеќе места нестабилно со пороен дожд

Vreme.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Времето денеска претпладне умерено облачно со слаб до умерен јужен ветер. Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер(над 60км/ч. ) и појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 20, а максималната ќе достигне од 28 до 35 степени. УВ индексот ќе има вредност 6.

Во Скопје претпладне умерено облачно, попладне и во вечерните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 33 степени.

Во наредните денови, до среда времето ќе биде променливо облачно, посвежо и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. На повеќе места процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и појава на град.

Од четврток ќе настапи стабилизирање на времето со постепен пораст на дневната температура.

Во Скопје до среда ќе има честа појава на пороен дожд и грмежи, а во делови од котлината и во форма на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и град. 

Можете да прочитате

Пуштена во употреба новата микробиолошка лабораторија за квалитет на „Aлкалоид“ 

Намалена видливост кај Ресен и Удово

Поради недостиг на мазут, ЕСМ бара прогласување кризна состојба со струјата