Утрински Весник
Македонија

Претежно сончево и релативно топло за овој период

Esen.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека утрово по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Преку денот, се очекува претежно сончево време со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Се прогнозира минималната температура да биде во интервал од -1 до 7, а максималната да достигне од 21 до 27 степени.

Во Скопје, наутро со услови за слаба магла, а преку денот времето се очекува да биде сончево со мала облачност и со слаб ветер од северен правец. Минималната температура да се спушти до 6, а максималната да достигне до 26 степени.

Според најавите, ќе продолжи периодот на појава на магла и ниска облачност по одделни котлини. До средината на неделата ќе се задржи сончево време преку денот и релативно топло за овој период од годината. За во среда, најавено е да има преодна зголемена облачност, проследена со појава на повремен дожд, а дневната температура малку да опадне.

Можете да прочитате

Планиран прекин на струја утре во делови од Тетово и селото Доброште

Алармантно: Млади на 9 години пушат цигари, а пијат алкохол на 13 години

Уапсен скопјанец баран со потерница