Утрински Весник
Македонија

Претежно облачно, со магливо утро по котлините

Magla.webp.webp

Времето денеска претпладне ќе биде претежно облачно со појава на магла по одделни котлини, а во текот на денот ќе има повремен локален дожд, особено во југозападните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец кој долж Повардарието краткотрајно ќе засилува.

Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 8, а максималната ќе достигне од 7 до 12 степени Целзиусови.


Во Скопје претпладне во делови од котлината ќе има магла, а преку денот ќе биде променливо облачно со услови за краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец кој краткотрајно ќе засилува. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 12 степени Целзиусови.

Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), утре и за време на викендот врнежите наместа ќе имаат пороен карактер. Во недела и понеделник на планините и на некои повисоки места во северните делови врнежите ќе бидат од повремен снег. 

Можете да прочитате

АХВ изречe казни за организаторот на „Зимзоленд“ и забрана за производство и промет со храна

Над 40 авто-школи под надзор, постојат сомнежи дека ги договарале цените за обука

Детали: Гостиварец со пиштол ја убил исчезнатата жена, телото пронајдено закопано по признание на неговата сопруга