Утрински Весник
Македонија

Претежно облачно и посвежо со врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни

Oблачно, свежо и врнежливо време

Денеска ќе биде претежно облачно и посвежо со врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни (над 25 л/м2 за 24 часа).

dobivaj vesti na viber

Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 13, а максималната ќе достигне од 13 до 17 степени.

Во Скопје времето ќе биде претежно облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 16 степени.

Под влијание на влажен и студен бран следува период на променливо облачно и значително посвежо време со повремени врнежи од дожд. На места врнежите ќе бидат пообилни (над 25 л/м2 за 24 часа). Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец, особено во среда и четврток.

Можете да прочитате

На Гастроентерохепатологија воведени современи методи со кои ќе се замени хирургијата, повеќекратно е зголемен бројот на заболени

Сиљановска-Давкова прими претставници на Државниот завод за ревизија

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ е дел од Самитот на ЕПП, ќе разговараме за глобалните предизвици, а ние ќе ставиме акцент и на проширувањето на ЕУ