Утрински Весник
Македонија

Пресудата за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски на 25 јуни

20250620160454 big 730x400 26.webp.webp

Oсновниот кривичен суд Скопје на 25 јуни ќе ја донесе конечната пресуда за петмината обвинети за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, откако денеска одбраната на првообвинетиот Љупчо Палевски и другите обвинети во случајот ги дадоа своите завршни зборови.

левски во завршните зборови денеска првпат ги посочи обвинетите Велибор Манев како организатор на убиствата, Боре Видевски како извршител, додека Влатко Кешишев како стражар на двата кривично-правни настани, откако претходно во завршниот збор од таткото на убиената Вања, Александар Ѓорчевски, беше прашан „зошто е убиена неговата ќерка“. – Ќе ја испочитувам желбата на оштетениот и обвинетот Александар Ѓорчевски, рече Палевски во неговото, како што рече, последно јавно говорење во врска со убиството на неговото дете и ќе даде одговор на прашањето кој и зошто ја убил малолетната Вања.


– Манев денеска во судот срцепарателно, покајнички објаснуваше дека јас сум тој што ги манипулирал, ги изневерил, дека бил под уцена дека после убиството на Панче сум кажал дека ќе го убијам него и неговото семејство. Но, никој не го праша зошто го сликал Панче на 13.11.2023 година во неговиот автомобил? Со ниту една реченица Јосифовска не нѐ извести дека Манев го сликал Панче како стои до својот „цитроен“, околу 10 часот. Ја има во вештачените телефони. Зошто обвинет на кого му се заканува доживотен затвор не се сеќава каде му е пиштолот, рече Палевски.

Според него, планот на ОЈО бил како да наместат две убиства, кои веќе биле докажани, но како што рече, потребно било друг да биде сторител, а судот да осуди човек кој нема врска со тоа.– Се барав себеси и не најдов ниеден траг дека сум бил присутен во возило на две места на грабнување и на две места на убивање. ОЈО не презентира докази, а медиумите го лажат народот по наредба на ОЈО и на Гаврил Бубевски. ОЈО функционира така што прима и послушно исполнува политички наредби. ОЈО цели пет месеци изведуваше докази, два месеца слушавме сведоци, но немаше сведочење како се извршени злосторствата, со ниеден сведок кој видел или слушнал било што. Морав да утврдам сѐ, како тоа за мене нема докази, а јас сум убиец, рече Палевски.

Обвинетиот Боре Видевски кусо изјави дека нема да дава завршен збор, бидејќи, како што рече, нема што да додаде повеќе од она што го кажал неговиот бранител Бојан Манев. На минатото рочиште, неговиот бранител побара ослободителна пресуда посочувајќи дека обвинителството не ја докажало вината на неговиот клиент. Според него, правецот по кој што е водена истрагата за овие кривично-правни настани е целосно погрешен, а сите признанија се изнудени.

Можете да прочитате

Во неколку општини СДСМ нема да има кандидат за градоначалник, туку само советнички листи

Нормализиран сообраќајот на автопатот Тетово-Скопје

СДСМ објави 19 кандидати за градоначалници, Горан Герасимовски во Центар, Александар Трајановски во Аеродром