Утрински Весник
Македонија

Преспа институт: Актуелната владина коалиција со 96 отсто шанси да победи на парламентарните избори

Img 8344

Ако во овој момент се одржат парламентарните избори и ако на една страна најавуваниот Европски фронт на СДСМ (сегашната владејачка коалиција) настапи со заедничка листа, а ВМРО-ДПМНЕ настапи со актуелната коалиција, победата на изборите ќе ја однесе коалицијата предводена од СДСМ оценува анализата на Преспа институтот направена преку алатката за истражување и аналитика ЕлектоМетар.

Во Анализата на Институтот се спроведени три експерименти кои опфатиле 14.000 различни сценарија кои што разгледуваат претпоставено сценарио кога на изборите 2024 година би се појавиле 5 блокови на политички партии.

Притоа блоковите би биле составени според моменталните најави на групирање: владината коалиција; коалицијата која гравитира околу ВМРО-ДПМНЕ; блок кој ја претставува т.н. албанска опозиција; блок кој го доминира Левица; и блок во кој се останатите политички партии, но според податоците кои ги има Институтот ќе биде доминиран од ЗНАМ.

Од 14.000 сценарија во 96 проценти се прогнозира победа на коалицијата предводена од СДСМ, а само 4 проценти даваат шанси победа на блокот предводен од ВМРО-ДПМНЕ.

Анализата утврдила дека на парламентарните избори во Македонија се гласа пред се за партија, со мало отстапување на претседателските избори и најмногу при изборот на градоначалниците каде што игра улога и личноста.

Во анализата има и споредба на анкетите со резултатите, при што заклучокот е дека најчесто кај ВМРО-ДПМНЕ тоа што се прогнозирало не соодветствувало со реалните гласови.

Притоа, во анализата се вклучени анкети на пет најрелевантни агенции за испитување на јавното мислење кои користат научни методологии – ИРИ, НДИ, МЦМС итн. При користењето на оваа алатка испробани биле 14.000 сценарија и според наодите тешко е да се најдат такви што во оваа констелација гарантираат победа на ВМРО-ДПМНЕ, иако анкетите покажуваат значајно водство на оваа партија.

Истражувањата на Институтот Преспа покажало и дека на излезноста не влијаат временските прилики или терминот, и дека досега влијаела само ковид епидемијата, и тоа незначително.

Можете да прочитате

Денеска променливо облачно, претежно во западните делови со повремен снег, попладне облачноста ќе се намали

Денеска променливо облачно, претежно во западните делови со повремен снег, попладне облачноста ќе се намали

СДСМ: МВР итно да постапи, запален е автомобилот на претседателот на Општинската организација Кривогаштани