Утрински Весник
Македонија

Пресек до 18 часот: Седум активни пожари, еден се држи под контрола

Pozar 1.webp.webp

До 18:00 часот на територија на цела држава има регистрирано 20 пожари на отворен простор, од кои седум се активни, еден е под контрола, а 12 се изгаснати.

Како што информира Центарот за управување со кризи (ЦУК), се уште е активен пожарот во повеќенаменско подрачје „Јасен“ и во општина Студеничани, кај село Горно Количани и село Драчевица – планински врв Китка.


Активни пожари има во струшкото село Подгорци, кај прилепското село Беловодица – место викано Ливада и село Лењиште, во општина Долнени, кај селата Стровија и Долгаец, во општина Росоман: село Дебреште и во општина Кичево: село Душегубица.

Под контрола е ставен пожарот во општина Старо Нагоричане, кај село Канарево, каде беше зафатена ниска вегетација.

Изгаснати пожари има во општините Маврово – Ростуше, Боговиње, Ѓорче Петров, кај село Волково и кај село Орман, Струга, Липково, Струмица, Долнени, Кратово, Кичево, Студеничани и општина Гази Баба, кај село Трубарево.

Можете да прочитате

Приведени седум лица во Скопје

Пронајдено тело на почината жена во двор од семејна куќа во Скопје

Нападнат полицаец во Гази Баба