На 25.04.2023 во 22.00 часот, полициски службеници од СВР Велес–Полициска канцеларија Градско ги лишиле од слобода Џ.Р.(22) и Ф.З.(22), двајцата од с.Батинци, општина Студеничани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по член 418 Д од Кривичниот законик.
Околу 21.40 часот на регионалниот пат Градско – Велес, полициски службеници од СВР Велес дале знак за запирање на патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Џ.Р., а сопатник бил Ф.З.. Возилото не застанало, продолжило со движење, по што излетало од патот и удрило во паркирани патнички возила „сеат“ и „опел“ со велешки регистарски ознаки. Притоа, со тешки телесни повреди се здобил сопатникот А.Х.(30) од Пакистан, додека со телесни повреди се здобиле Џ.Р., Ф.З. и М.С.А.(28), сопатник од Пакистан, констатирани во болницата во Велес.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.