Утрински Весник
Свет

Премиерот на Словенија одби да се приклучи на „Одборот за мир“

Slovenija.webp.webp

Словенечкиот премиер Роберт Голоб, премиерот на Словенија изјави дека не е време Словенија да се приклучи на т.н. „Одбор за мир“ кој е предводен од американскиот претседател. Истакна дека го загрижува мандатот на одборот кој е премногу широк и може опасно да го поткопа меѓународниот поредок заснован на Повелбата на ОН.

„Меѓународниот поредок, во кој Обединетите нации играа централна улога, ѝ служеше на Словенија, цела Европа и пошироко, така што децении живеевме во мир“, истакна премиерот.

„Ризикот од разградување на поредокот на Обединетите нации е она што навистина најмногу загрижува“, додаде тој,

Тој истакна дека Словенија би прифатила соработка во рамки на потесен мандат кој би регулирал постконфликтна обнова на Газа и можеби Западниот брег. Голоб исто така најави дека нема да присуствува на потпишувањето на основачката повелба на одборот во Давос утре, но ќе се сретне вечерта во Брисел со лидерите на другите членки на ЕУ.

Можете да прочитате

Трамп најави укинување на царините за Европа

Анкета: 79 % од Французите не ги одобруваат постапките на Макрон

Невреме ја зафати Италија – 24info.mk