Утрински Весник
Свет

Премиерот на Австралија: Не е време да се промени системот, туку да се оддаде почит на кралицата Елизабета

Dik 300x250 mk

Австралискиот премиер Ентони Албанез, кој прави напори земјата да ја направи република откако ја презеде функцијата по изборите во мај оваа година, денеска изјави дека не е време за промени, туку да се оддаде почит на животот на кралицата Елизабета Втора.

dobivaj vesti na viber

Албанез, за Австралиската радиодифузна корпорација, рече дека сега не е време да се зборува за системот на владеење во Австралија, туку да се оддаде почит на кралицата Елизабета Втора, која беше посветена и лојална на Австралијците, што ја заслужува нивната почит и тага за нејзината смрт.

Албанез претходно изјави дека одржувањето референдум за Австралија да стане република не било приоритет во неговиот прв тригодишен мандат.

Британскиот крал Чарлс Трети денеска на церемонија во Парламентот и официјално беше прогласен за крал на Австралија. Кралицата Елизабета Втора беше првиот британски монарх што ја посети Австралија во 1954 година, а подоцна ја посети уште 15 пати, последен пат во 2011 година, потсетува Ројтерс.

Можете да прочитате

Севернокорејската министерка за надворешни работи, Чое во посета на Русија

Еден Србин и двајца Хрвати загинаа бегајќи од германската полиција

Најбогатите луѓе во Европа живеат во Швајцарија и Данска