Утрински Весник
Македонија

Премиерот Мицкоски во Салцбург на 20. Европски самит

20241021071703 Big 730x400 30.webp.webp
Dik 300x250 mk

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Салцбург ќе учествува на 20. Европски самит посветен на Европската Унија, каде ќе има обраќање.

Мицкоски на фејсбук објави дека синоќа присуствувал на вечера, на покана на градоначалникот на покраината Салцбург и претседателот на институтот на европски региони, Франц Шаусбергер.

-На моите соговорници им ги пренесов нашите заложби и цели кон Европскиот пат на Македонија. Европа мора да ги отвори вратите за државите кои чекорат напред, наведува Мицкоски во објавата на ФБ.

Во вторник тој ќе има средба со претседателот на Австрија Александер Ван дер Белен и со министерот за надворешни работи Александар Шаленберг.

Можете да прочитате

Беличанец: СДСМ може да победи, потребна е јасна социјална политика за сите категории граѓани

Излизган камион го прекина сообраќајот на патот Струмица-Ново Село

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица