Утрински Весник
Македонија

Премиерот Мицкоски се сретна со амбасадорката на Германија Петра Дрекслер

27062024 Sredba Mickoski Dreksler 3.jpg

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски, денеска оствари средба со Амбасадорката на Сојузна Република Германија, Н.Е. Петра Дрекслер.

На средбата беа разменети мислења и ставови за тековните политички и економски прашања, како и за напредокот на интеграцијата на државата во Европската унија. Претседателот Мицкоски ја нагласи важноста на партнерството со Германија, истакнувајќи дека поддршката од германската страна е од клучно значење за развојот и стабилноста на нашата земја.

„Германија е од наш голем значаен стратешки интерес, партнер и пријател. Нивната поддршка и соработка се од големо значење за нас. Ќе продолжиме да работиме заедно во духот на партнерство и заеднички вредности”, изјави Мицкоски.

Амбасадорката Дрекслер ја потврди посветеноста на Германија за продолжување на одличната соработка со Северна Македонија и изрази подготвеност за поддршка во клучните реформи и проекти што се предвидени во наредниот период.

Средбата заврши со согласност за натамошно зајакнување на билатералните односи и интензивирање на соработката во различни области од заеднички интерес.

Можете да прочитате

Одрон на патот Скопје – Велес, сообраќајот се одвива по една лента

ОЈО ГОКК: Две лица во 48-часовен притвор за случајот со марихуаната во Србија

Жерновски до Митева: Владата никако да каже дали парите за авион ќе ги пренасочи за минималната плата