Утрински Весник
Македонија

Премиерот Ковачевски присуствуваше на работна вечера во организација на премиерот на Словенија, Роберт Голоб

Премиерот Ковачевски присуствуваше на работна вечера во организација на премиерот на Словенија, Роберт Голоб

Премиерот Димитар Ковачевски, во рамки на посетата на Словенија по повод учеството на Бледскиот стратешки форум, вечерва присуствуваше на работна вечера во организација на словенечкиот премиер, Роберт Голоб.

dobivaj vesti na viber

На работната вечера покрај премиерот Ковачевски учествуваа и претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, како и премиерите на Албанија Еди Рама, на Хрватска Андреј Пленковиќ, на Бугарија Николај Денков, на Косово Албин Курти, на Србија Ана Брнабиќ, на Црна Гора Дритан Абазовиќ и претседателката на Советот на министри на Босна и Херцеговина, Борјана Кришто како и вицепремиерката и министерка за надворешни работи на Словенија, Тања Фајон.

Лидерите ја искористија можноста за дискусија врзана со европската интеграција на земјите од Западен Балкан како и напредокот на реформските процеси што се смета за најдобра инвестиција за земјите од регионот.

Можете да прочитате

Мицкоски кажа дека Вреди нема да добие плус ресор, еден ист човек ќе биде и вицепремиер и министер

Петрушевска: Амандманите на Левица ја покажуваат нивната хипокризија, реконструкцијата на студентските домови е веќе во тек

Коалицијата Вреди ги договори имињата на новите министри во Владата