Утрински Весник
Магазин
Img 7972

Прекинато лансирањето на „Сојуз“ ракетата

3232.png
Img 7972

Лансирањето на руска ракета „Сојуз МС-25“ со еден астронаут од Русија, еден од САД и космонаутка од Белорусија беше неочекувано прекинато вчера.

Вселенското летало требаше да полета кон Меѓународната вселенска станица (МВС) од рускиот космодром „Бајконур“ во Казахстан. Руската вселенска агенција Роскосмос подоцна ги наведе техничките проблеми како причина за откажувањето на лансирањето. Имено, непосредно пред полетувањето, забележан е пад на напон во изворите на струја, според раководителот на Роскосмос, Јуриј Борисов.

Екипажот е безбедно изведен вон капсулата. На леталото беа Белорусинката Марина Василевскаја, Американецот од НАСА, Трејси Дајсон и Русинот Олег Новицки. Василевскаја ќе биде првата жена од својата земја што ќе отиде во Вселената.

Следното можно лансирање би било најрано во сабота.

Во меѓувреме, во САД, вчера „Спејс-Икс“ ја лансираше својата 30-та карго-мисија со ракета „Фалкон 9“ до МВС, носејќи три тони материјали и научен хардвер. Се очекува да стигне до Станицата в сабота.

Можете да прочитате

Од електроника до поп, од поезија до трап – современиот звук на ПМГ Рекордингс фестивал 14

Речиси сите срцеви и мозочни удари се поврзани со овие четири фактори на ризик

TECHMECH 2025 – Саем за пракса и вработување на Машинскиот факултет