Утрински Весник
Македонија

Прекин на сообраќајот на патот Гевгелија-Богданци поради излизгана машина за чистење снег

Img 1249.jpeg

АМСМ информира дека од 09:50 часот сообраќајот на регионалниот пат 1102, Гевгелија-Богданци, е во прекин во двата правци.

Како што појаснуваат, причината за прекинот е излизгана машина за чистење снег, што го оневозможило нормалното движење на возилата. Екипите се на терен и работат на расчистување и повторно воспоставување на сообраќајот.


Возачите се советуваат да користат алтернативни правци и да бидат внимателни поради зимските услови на патиштата.

Можете да прочитате

Шокантен случај: Македонец правел грабежи за да биде уапсен во Швајцарија

Ристески: Извршителите од долг од 500 денари прават 18.000 – „На душман ваков закон не се носи“

Вработен во казино одзел над 330 илјади денари