Утрински Весник
Македонија

Прегазен пешак со автомобил во Скопје – возачот избегал

Brza Pomos 1.jpg

Вчера во 15.06 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Александар Македонски“ во Скопје, патничко возило удрило во пешакот Ј.Ф.(53) од село Горно Коњари, скопско, по што возачот со возилото го напуштил местото на настанот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Можете да прочитате

Филипче: Шилегов одработува за ВМРО-ДПМНЕ, одлуката за иницирање постапка за негово исклучување е донесена со консензус

МНР: За денеска е предвиден трет лет од ОАЕ за евакуација на македонските државјани 

Притвор за 46-годишен скопјанец за измама со лажна сообраќајка во странство