Утрински Весник
Македонија
Img 7972

Предупредување за ново невреме: Од запад се приближува голем бран на нестабилна воздушна маса

Vreme Dozd Nevreme.webp.webp
Dik 300x250 mk

Од запад кон територијата на Македонија се приближува голем бран на влажна и нестабилна воздушна маса која во следните часови и вечерва во најголем дел од Македонија ќе услови многу нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

На повеќе места повторно ќе има појава на силно невреме, проследено со обилен пороен дожд за кратко време кој би можел да предизвика поројни поплавувања, силен ветер, силни грмежи и електрични празнења и со појава на град кој повторно би можел да биде крупен. Поради ваквата состојба, апелираме граѓаните да бидат многу внимателни, односно во случај на појава на силно невреме и на силни електрични празнења да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја. Исто така во случај на појава на крупен град и на силен ветер автомобилите да се заштитат.

И во Скопскиот регион во следните часови и вечерва повторно ќе има појава на повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината има услови и за ново посилно невреме.

Што се однесува до температурите тие денес ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 33 степени. Во Скопје таа ќе достигне до околу 31 степен.

Можете да прочитате

Починато лице предложено за советник во Советот на Град Скопје – ДИК ќе го извести Обвинителството

УХМР: До вторник стабилно време, во среда локален дожд, од четврток температурите во пораст

Уапсен жител на Ваташа, уништувал плакати среде ноќ