Утрински Весник
Македонија

Предупредување од Андоновски: Не споделувајте лични податоци преку Телеграм и Вибер

Viber Telegram.png
Dik 300x250 mk

Министерот за дигитализација, Стефан Андоновски, денеска преку социјалните мрежи предупреди дека бројни корисници на мобилните апликации Телеграм и Вибер денеска пријавиле добивање на сомнителни пораки. Во овие пораки се бара верификација на лични податоци, податоци од дебитни картички или SIM и IMEI броеви, што претставува потенцијален обид за измама.

„Апелирам да се проверуваат испраќачите на овие пораки и во ниеден случај да не се споделуваат лични информации и банкарски броеви, како што се број на лична карта, трансакциска сметка или број на кредитна картичка“, напиша министерот Андоновски.


Тој посочи дека сајбер-безбедноста зависи од вниманието на секој поединец, па затоа е важно граѓаните да бидат претпазливи и да не наседнуваат на вакви измамнички пораки.

Можете да прочитате

И на вториот изборен круг во недела безбедноста ќе се следи со дронови

Kумановска платила 2.000 евра за патување, но наместо билет, добила молк од скопска туристичка агенција

Виничанец нападнал полицаец со дрвен предмет во угостителски објект