Утрински Весник
Магазин

Предновогодишен спектакл пред Cevahir Mall Skopje со НОКАУТ и богата целодневна програма

Picture 3.jpeg

Утре Cevahir Mall Skopje, Аеродром повторно ќе биде центар на празничната еуфорија со одржувањето на „Aerodrom Pulsira vol.4″ настан кој веќе прераснува во традиционално предновогодишно собирање за сите генерации.

Со почеток од 12 часот, посетителите ќе имаат можност да уживаат во целодневна програма исполнета со разновидни содржини, меѓу кои изложба на олдтајмери, бројни активности и изненадувања за најмладите, како и празнична атмосфера што ќе го најави крајот на годината во вистински дух.

Кулминацијата на настанот е резервирана за вечерните часови, кога на големата сцена ќе настапат DJ POLAR, Дарко Гроздановски и легендарниот македонски бенд НОКАУТ, кои ќе се погрижат за одлична забава и заедничко пеење на нивните најголеми хитови.

Низ четвртото издание на „Аеродром пулсира” публиката ќе ја води познатиот актер и водител Сашко Коцев, кој со својата енергија ќе ја надополни празничната магија.

Организаторите ги повикуваат сите граѓани да бидат дел од „Aerodrom Pulsira vol.4″, да понесат добро расположение, желба за дружење, пеење и играње, а за останатото ветуваат незаборавно предновогодишно доживување.

Скопје пулсира, Аеродром слави, се гледаме пред Cevahir Mall Skopje.

Можете да прочитате

Дневен хороскоп за 18 март 2026

Владо Георгиев го одложи концертот во Скопје поради трагедијата во Кочани

Млада Месечина во Риби на 18 март