Утрински Весник
Македонија

Предложени повеќе кандидати за претседател од СДСМ, меѓу кои Пендаровски, судии и поранешни претседатели на државата и партијата

20240210124048 Big 730x400 61.webp.webp

Претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски денеска одговорајќи на новинарско прашање околу кандидатите за претседател на државата, посочи дека има повеќе еминентни можни кандидати кои се предложени. Напомена дека и актуелниот претседател Стево Пендаровски е предложен од општинските организации, а предложени се и други поранешни претседатели на државата, поранешни претседатели на СДСМ, поранешни секретари на СДСМ, врвни поранешни судии.

Ковачевски на заедничката прес-конференција со претседателот на Социјалдемократската партија на Германија, Ларс Клингбеил, прашан колку вкупно номинации има за кандидат за претседател, одговори дека не може да каже точна бројка, но се работи за повеќе еминентни можни кандидати.

-Не можам да ви кажам точно колку можни кандидати се предложени затоа што ги немам бројките пред мене. Тие се собираат во секторот на организацискиот секретар. Се работи за повеќе еминентни можни кандидати, вклучително и претседателот Пендаровски, кој што е предложен од општинските организации. Тоа што можев да го видам од она што го имаме добиено на располагање од општинските организации, само потврдува дека СДСМ е голема партија, партија која располага со врвен кадровски птоенцијал и која секогаш ги има најдобрите кандидати за сите позиции, додаде Ковачевски.

Можете да прочитате

Заплена на нелегални дрва, приведен и вработен од „Македонски шуми“

Што може да донесе утрешниот Конгрес на СДСМ?

Во Битола санирани проблемите од вчерашното невреме