Утрински Весник
Македонија

Предлогот за разрешување на јавниот обвинител Коцевски на владина седница

Ljupco Kocevski Nov Javen Obvinitel Zakletva 14a Bg.jpg

Владата денеска на седница ќе го разгледа предлогот за разрешување на државниот обвинител Љупчо Коцевски.

Од владината прес-служба информираа дека на седницата ќе биде разгледано мислењето доставено од Министерството за правда, по што согласно законските обврски, истото ќе се достави до Советот на јавни обвинители.


„Како влада ќе продолжиме да преземаме активности кои се во насока на подобрување на функционирањето на правосудниот систем“, информираа од прес службата на владата.

Министерството за правда верува дека Коцевски треба да биде разрешен заради како што наведуваат, низа скандали, нарушена функционалност, корупција и нарушени меѓучовечки односи во Јавното обвинителството. Имало и сомнежи за пристрасно постапување и судир на интереси во предмети за кои тој не се изземал.

Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ речиси секојдневно порачува дека Коцевски треба да биде разрешен бидејќи, како што велат, тој е дел од политичката архитектура на СДСМ и ДУИ во судството, но и незаконски поставува и разрешува кадри. Опозициската СДСМ е против неговото разрешување, сугерирајќи дека тоа би било партизација во обвинителството.

Можете да прочитате

Цената на лебот да се намали на 20 денари, бара Асоцијацијата на земјоделци и фармери

Длабока држава или Шарена интересна групација

Меџити: One Stop Shop во Блаце, чекор поблиску до Косово