Утрински Весник
Македонија

Предлогот за интерпелација за претседателот на Уставниот суд, Костадиновски пред пратениците

Sobranie.webp.webp

Собранието денеска треба да ја започне новата 59. седница на која како прва точка на дневниот ред е интерпелацијата за работата на претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, поднесена од пратеничката група на Европски фронт.

Претседателот на Собранието, Африм Гаши на неделниот брифинг со новинарите истакна дека на понеделничката координација со координаторите на пратеничките групи преовладувала перцепцијата дека не е добро Собранието да врши интерпелација на Претседател на Уставен суд.


-Се отвори прашањето за интерпелацијата на претседателот на Уставниот суд. Ние ја ставивме како точка на дневниот ред. Имаше дискусија дали сме постапиле добро, дали е во ред или не, што е нормално. Наша и моја дилема како Собрание, како кабинет и како служба. Ние се водевме по членот 72 од Уставот и 47 од Деловникот на Собранието каде се вели „интерпелација може да се покрене за секој носител на јавна функција“. Сега ние како Собрание мораме да го процесуираме тоа. Од друга страна зборуваме за судска власт и тоа остана тема која ќе ја видиме. Можеби некои од пратениците ќе бараат таа точка да се тргне од дневниот ред. Главно, на координацијата со координаторите на пратеничките групи преовладуваше перцепцијата дека не е добро како Собрание да вршиме интерпелација на претседател на Уставен суд. Ќе видиме како ќе одлучи пленумот, рече Гаши.

Информира дека тој ќе бара од собраниската Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања јавна расправа за дефинирање на зборот „носител на јавна функција“.

-Јас ќе барам од Комисијата за деловнички и мандатни прашања да заседава и понатаму да направиме јавна расправа да се дефинира поточно зборот „носител на јавна функција“, затоа што тука спаѓаат претседателот на државата, градоначалниците, особено судовите. Мислам дека треба правно да ја разјасниме за понатаму да не остане тоа на волјата на претседателот на Собранието или некоја индивидуа, туку да оставиме институционален траг како да се постапува по овие иницијативи.

Гаши потенцира дека поднесителите на иницијативата за Костадиновски, односно ДУИ, не присуствувале на денешната координација на координаторите на пратеничките групи. Предложил таа точка да се тргне од дневниот ред.

-Подносителот на иницијативата за интерпелација, односно ДУИ не беа денеска на координацијата. Јас сакав да предложам дали да ја тргнеме, ама тогаш пак ќе имаше реакции зошто сме ја тргнеле и плус не беше координаторот на ДУИ за да не решаваме во нивно име. На самата седница ќе се гласа дали да се тргне. Во Уставот стои само „носител на јавна функција“. На пример, тогаш ДУИ реагираше за интерпелацијата за членовите на Судскиот совет, а сега тие сами предлагаат, рече тој.

Гаши соопшти дека Собранието ги следела сите рокови и до Костадиновски е испратена интерпелацијата. Посочи дека тој имал рок да одговори, но не одговорил. Потенциа дека Костадиновски кажал дека нема да присуствува на пленарната седница каде ќе се дискутира за неговата интерпелацијата. Гаши нагласи дека тоа е негово право.

Пратеникот на Европскиот фронт, Илир Хасани тогаш на прес-конференција образложи дека интерпелацијата е поднесена за работата на Костадиновски врз основа на член 72, став 1 и став 2 од Уставот. Според Хасани, Костадиновски свесно го прекршил Законот за употреба на јазиците и членот 101 од Законот за Уставниот суд.

Можете да прочитате

Целосно прекинат сообраќајот кон Граничниот премин Блаце поради пожар

Мицкоски: Почна изградбата на гасоводниот интерконектор со Грција во вредност од 60 милиони евра

Сообраќајот на патот кај Блаце е пренасочен поради пожар