Утрински Весник
Македонија

Предлог Законот за Судски совет е во владина процедура

Sud 1.webp.webp

Предлог Законот за Судски совет е прикачен на е-Влада, а Министерството  за правда го доби и мислењето од Венецијанската комисија .Станува збор за конструктивен и содржаен документ што содржи јасни насоки и препораки, особено за деловите на кои ние како Министерство вложивме сериозен фокус. Тие забелешки веќе се разгледани. Особено значајно за нас е што Комисијата го препозна транспарентниот и инклузивен процес при изработката на законот – преку јавни расправи, експертски консултации и вклучување на сите клучни чинители. Тоа е потврда дека одиме во вистински правец и дека нашите реформи се усогласени со европските стандарди. Овој пристап директно придонесува за зајакнување на довербата во законодавниот процес и во правосудството во целина. 

Ова е клучен чекор за зајакнување на независноста и транспарентноста во судството. 


Клучни новини кои се предвидени со Законот:

• Се предвидува јавност во постапкатата за разрешување на претседател/заменик на Советот, постапката мора секогаш да биде транспарентна.

• Прецизирање на критериумите за избор на „истакнат правник”. Истакнати нови, појасни квалификации.

• Воведување јавна расправа за кандидатите за не-судски членови со цел поголема транспарентност и одговорност.

• Зајакнување на критериумите за избор, одговорност и разрешување на членови на Советот од редот на судиите.

• Унапредување на целокупната правна рамка согласно препораките на ЕУ.

За првпат, ќе има објективно оценување на нивната работа, транспарентност во носењето одлуки и механизми за одговорност и на самите членови на Советот. Ова е клучна точка што ја нотираше и Оценската мисија на ЕУ – и сега директно одговараме на таа препорака. 

Очекуваме Предлог Законот за Судски совет наскоро да биде усвоен во Собрание, како што и беше предвидено.

Можете да прочитате

Наместо „Пулс“, поради конфузија „пломбирано“ било кафулето на газда Деко, велат од УЈП

СДСМ: По една година Влада на ВМРО-ДПМНЕ Македонија е понижена и меѓународно заглавена

Toшковски: Дигитализација на процесот на издавање судски наредби за ПИ мерки помеѓу МВР, ОЈО и ОТА за поголема безбедност и доверба на граѓаните во системот