
Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност во второ читање денеска ќе биде пред членовите на собраниската Комисија за финансирање и буџет.
Предложената законска измена е со цел да се избрише ослободувањето од данок на додадена вредност за увоз на пратки со мала вредност испорачани од странство за примачи во земјата чија вкупна вредност по пратка не го надминува износот од 22 евра во денарска противвредност, а се пропишува ослободување од плаќање на данок на додадена вредност за добра пратени како мали пратки од некомерцијална вредност, од физичко лице на физичко лице, чија вредност не надминува 22 евра, ослободувањето не се применува за алкохол и алкохолни пијалоци, парфеми и тоалетна вода и тутун и преработки од тутун.
На дневен ред на седницата на Комисијата е и Предлог на законот за претворање на побарувањата на Република Северна Македонија по основ на јавни давачки во траен влог во Јавното претпријатие за стопанисување со објектите за спорт во сопственост на Република Македонија – Скопје, во второ читање.

