Утрински Весник
Македонија

Предлог ратификација на Договорот со Обединетото Кралство во матичната собраниска комисија и на пленарна седница

Mk uk.webp.webp

Предлог законот за ратификација на Договорот меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска во врска со партнерство за реализација на инфраструктурни проекти денеска е на дневен ред на собраниската Комисија за надворешни работи, како и на 52. пленарна седница. 

По постигнатиот договор за стратешко партнество со Обединетото кралство меѓу премиерот Христијан Мицкоски и неговиот британски колега Кир Стармер што го објавија на средба во Тирана на 18 мај, одржана во рамки на Самитот на Европската политичка заедница, македонската Влада на седница на 20 мај го усвои текстот на Договорот со кој е дефинарно партнерство за реализација на инфраструктурни проекти, а Предлог законот за негова ратификација вчера беше испартен во Собранието. 


Целта на Договорот, што ќе биде во сила 10 години, е да воспостави партнерство за поддршка на реализација на инфратсруктурни проекти, во секторите, транспорт, здравство, технологија, енергетика и други критични сектори во Република Македонија.

Планираните проекти со Договорот се изградба и реконструкција на железничкиот Коридор 10 од Табановце до Гевгелија кој ориентационо како што соопшти вицепремиерот и министер за транспорт Александар Никооски, би требало да чини околу милијарда и 900 милиони евра до две милијарди евра, како и изградба на Клиничката болница, Медицински факултет и Студентски дом во Штип, целосна реконструкција на Клиничката болница во Тетово и изградбата на нова болница со нов здравствен дом во Кичево, околу 200 милиони евра.  Областите на соработка се наведени во Анекс А, каде стои и дека ќе се реализираат и програми за развој на транспортниот Коридор 8, за развој на капацитети за сајбер бебзедност и дигитална трансформација на Владата, како и за развој на капацитетите за производство и пренос на електрична енергија.  

Во текстот на објавениот Договор стои дека покрај првичната група проекти се наведени во анекс А, а можат да се вклучат и други проекти доколку така одлучат учесниците. Во член 2, каде е уредена програмата за финансирање, е наведено  дека учесниците ќе работат заедно за да идентификуваат можности за финансирање проекти, вклучително и од Инструментот на Обединетото Кралство за финансирање на извозот. Преку тој инструмент за државава се ставаат на располагање 5 милијарди фунти или 6 милијарди евра за реализација на проекти, финансирање кое ќе оди исклучиво со реализација на проекти. 

Во член 4 е дефинирана доверливоста на договорот, каде е наведено дека учесниците  прифаќаат разменување на информации за исполнување на целите а Договорот преку три одредби. Со нив е предвидено дека Учесниците можат да ги користат информациите само за намени во поддршка на овој договор и ќе ја чуваат доверливоста на информациите разменети меѓу нив, во случаи во кои кој било од учесниците е законски обврзан да открие информации согласно важечкото законодавство или според судска наредба или заради друга причина, меѓу себе треба да се известат пред да ги откријат информациите. 

Како што соопшти Николоски,  соработка за договорот ќе биде во согласност со важечкото законодавство, правилата и политиките на секоја од двете земји.

Можете да прочитате

Средба на министерот Муцунски со државниот секретар на Соединетите Американски Држави, Марко Рубио

Димитриеска-Кочоска: Намалување на царинските стапки до 50 отсто од нивото на оние кои важат во ЕУ

МВР го расчистува хаосот, Министерските „шкоди“ веќе не се над законот?