Утрински Весник
Македонија

Предлог одлуката за избор на членови на ДИК пред Комисијата за прашања на изборите и именувањата

Sobranie 1.webp.webp

Утврдување на предлог – одлуката за избор на членови на Државната изборна комисија и на предлозите за избор на членови на Советот на јавните обвинители на Република Македонија, се на дневниот ред на денешната седница на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата.

Пред пратениците – членови на оваа Комисија на оваа седница е и проверката на кандидатурите доставени по Одлуката за објавување на Јавен конкурс за именување на членови на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги („Службен весник на Република Македонија“ број 207/2024).

На дневниот ред на седницата се и утврдување Предлог – одлука за именување на претседател и членови на Комисијата за заштита на конкуренцијата, Предлог – одлука за именување членови на Агенцијата за електронски комуникации, како и утврдување Предлог – одлука за именување на претседател, потпретседател, членови и заменици членови на Националниот совет за евроинтеграции.

Можете да прочитате

1,95% ќе биде каматата за стопанството со 3 години грејс период и 15 години рок на отплата, рече Мицкоски

(Фото) Целиот состав на новиот Централен одбор на СДСМ

Трпезата за Нова година ќе биде поевтина? Се подготвува празнична потрошувачка со над 500 производи