Утрински Весник
Спорт

Пред три децении на патеката во Имола загина легендарниот Ф1 возач – Сена

Screenshot 2024 05 01 170241.png

На денешен ден пред три децении во трката за Големата награда на Сан Марино, на патеката Имола загина легендарниот пилот во Формула 1, Бразилецот Аиритон Сена. Легендарниот Ф1-возач, познат меѓу љубителите на најбризиот „циркус“ како „дождливиот човек“ трагично го загуби животот откако удри во ѕидот на излезот од кривината „Тамбурело“. Сликите од уништениот сино-бел болид на Вилијамс го обиколија светот, а кариерата на тогашниот трикратен шампион заврши 40 дена по неговиот 34-ти роденден. Во својата кариера Сена возеше за Толумнен, Лотус, Мекларен и Вилијамс, три пати беше шампион (во 1988, 1990 и 1991 година, со болид на Мекларен). Во својата кариера забележа 41 победа, 80 подиуми и 65 пол-позиции.

Можете да прочитате

Вардар 1961 со победа го заврши настапот на европската сцена

Хагерти за Надал: Организиравме сè онака како што сакаше Рафа

Поранешен фудбалер со нож нападнат во Њујорк