Утрински Весник
Спорт

Пред Ел Класико, во Мадрид бил уапсен синот на Џоан Лапорта

Пред Ел Класико, во Мадрид бил уапсен синот на Џоан Лапорта
Dik 300x250 mk

Непосредно пред почетокот на Ел Класико, во кој Реал Мадрид ја победи Барселона со 3-1, полицијата го приведе синот на претседателот на каталонскиот клуб Џоан Лапорте.

dobivaj vesti na viber

Како што објави „Ел Еспањол“, а потврди „Ас“, 25.годишниот Гилем Лапорта е уапсен откако насилнички се однесувал кон својата партнерка во ресторан во близина на стадионот „Сантијаго Бернабеу“.

Полициски извори соопштија дека Лапорта јуниор почнал да ја тресе партнерката и да и се заканува пред очите на уште десет гости. На блиската маса седеле пријатели на неименуван владин министер, тие веднаш ја повикале полицијата. .

Според очевидци, Лапорта бил многу агресивен и се спротивставил на апсењето, поради што полицајците побарале од итната помош да му дадат седатив.

„Ас“, подоцна објави дека Гилем Лапорта, инаку пропаднат фудбалер (последен пат играше во Сант Јулија во Андора, која го отпушти) е обвинет за кривично дело „злоставување„ и денеска треба да се појави пред истражен судија.

Контролата на гневот очигледно не е силна страна на семејството Лапорта. Пред неколку дена шпанските медиуми објавија дека по ремито со Интер во Лигата на шампионите, првиот човек на Барселона дивеел и почнал да фрла работи по канцелариите на „Камп Ноу“. Во неделата, по поразот од Реал, тој упадна во соблекувалната на судиите, од каде брзо бил избркан.

Можете да прочитате

Македонските ракометари поразени од Јапонија

ФФМ ја пофали употребата на ВАР на натпреварот Вардар – Силекс

Србија меѓу кандидатите за финалето на УЕФА Лига Европа