Утрински Весник
Балкан

Пред да влезете во Хрватска исчистете ги регистарските таблички на возилото – Казната за извалкана табличка може да ве чини и 1.990 евра

Nzqz8ckutobkwrryoezm.jpg
Dik 300x250 mk

Граѓаните и превозниците кои возат низ Хрватска треба да бидат особено внимателни кога станува збор за регистарските таблички на нивните возила за да избегнат високи казни и непријатности на границата или во сообраќајот.

Хрватскиот автомобилски клуб (ХАК) и судската пракса укажуваат дека табличките мора да бидат поставени на пропишаното место и да бидат јасно видливи и читливи, а кршењето на ова правило може да доведе до сериозни казни.

Според хрватскиот Закон за безбедност во сообраќајот за ова се предвидени казни од 30 евра за возачот и од 600 до 1990 евра за сопственикот и за фирмата.

Хрватскиот автомобилски клуб предупреди дека некои возачи се обидуваат да ги „заобиколат“ камерите на патиштата со отстранување или поместување на предната табличка, но таквите обиди не се прифатливи дури ни во судска постапка. Клубот потсетува дека дури и ненамерно нечитливите или извалканите таблички се сметаат за прекршок, а правното лице или сопственикот на возилото може да бидат казнети.

Пример од Загреб покажува дека возач бил казнет затоа што ја поставил предната табличка во возилото под шофершајбната, но таа не била изложена на пропишаното место.

Судот ја отфрли неговата одбрана и утврди дека прекршокот е направен затоа што табличката не била јасно видлива однадвор.

Слична практика беше потврдена и во Општинскиот суд во Пожега, каде што занаетчија беше казнет затоа што возилото управувано од друг возач имало задна табличка извалкана со кал и нечистотија, што судот го сметал за прекршок, иако самиот занаетчија не бил зад воланот.

Можете да прочитате

Хрка се разболи и имунитетот ѝ се влошува, но продолжува да штрајкува со глад веќе петти ден

38-годишен маж претепан до смрт во Белград: „Жртвата има ужасни повреди на лицето“

Вистински зимски температури: Во Босна се измерени дури -7 степени