Утрински Весник
Македонија

Празен бил куферот кој ги евакуираше сите згради околу штабот на ВМРО-ДПМНЕ

Vmro 1.webp.webp

Празен бил куферот кој предизвика паника и евакуација на сите згради околу централниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ. Информацијата за Прес24 ја потврди МВР:

Денеска (08.10.2025) во 12.55 часот лице од обезбедувањето на ЈП „Државни патишта“ пријавило дека на видео надзор пред канцелариите на ЈП „Државни патишта“ на плоштадот „ВМРО“ во Скопје биле забележани две лица како го разгледуваат местото, а едно од лицата оставило куфер. Веднаш по добиената пријава, преземени се соодветни мерки и активности, извршени се потребните проверки и утврдено е дека куферот е празен – велат од МВР


Можете да прочитате

Минчев: СДСМ ја изгуби идејата, Црвенковски беше симбол на државност

АНБ распиша јавен оглас – 24info.mk

Мицкоски го претстави новиот ИК: Ковачки генерален секретар, Томовски организациски секретар